Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

Познато е кога треба да тргне исплатата за дополнителна помош на пензионерите

„До крајот на декември треба да ја започнеме исплатата на новиот пакет антикризни мерки, односно и кај пензионерите и кај примателите на правата кои се опфатени со антикризните мерки, како и учениците. Утре на Влада ќе помине законот за финансиска поддршка којшто очекувам во Собранието следната недела да биде изгласан, затоа што е од исклучително значење за граѓаните“, рече неодамна Јованка Тренчевска од МТСП, пишува Biznispro.com.

Претходно како што објавивме Владата одлучи за пензионерите кои земаат пензија до 14.000 денари да добиваат и 3000 денари дополнителна помош во наредните пет месеци, додека пензионерите кои добиваат пензија од 14 до 16 илјади да добиваат 2.000 денари помош, а пензионерите кои добиваат меѓу 16 и 19 илјади денари да добијат 1.500 денари.

Можеби ќе ве интересира

Важна информација од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје

ДЕСК

АЛКАЛОИД со рекордни консолидирани продажби од 339,3 милиони евра, извоз од 221,6 милион евра и со инвестиции од 18 милиони евра во периодот јануари – декември 2025 г.

ДЕСК

„Епл“ дел од производството го сели од Кина во САД

C +