Centar.mk
БИЗНИС

Цените на нафтата во светот продолжуваат да паѓаат

На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за речиси два отсто бидејќи трговците се скептични за намалувањето на производството од страна на членките на ОПЕК и затоа што е можен натамошен пад на побарувачката поради слабоста на економијата.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,1 отсто – на 78,88 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 1,9 отсто – на 74,07 долари, пренесува Хина.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници одлучија да го намалат производството во првиот квартал од следната година за приближно 700.000 барели дневно.

ОПЕК+ произведува повеќе од 40 отсто од светската нафта и веќе подолго време го намалува производството со цел да ги поддржи цените кои паднаа од речиси 100 на околу 80 долари за барел поради слабеењето на економиите, а со тоа и побарувачката за нафта.

Првично одлуката на ОПЕК го поддржа растот на цената на нафтата, но набрзо тие паднаа бидејќи трговците се скептични со оглед на тоа што производителите доброволно ќе го намалат производството и нема да има контроли.

Можеби ќе ве интересира

МФ: „Фич“ го задржа кредитниот рејтинг „BB+“ со стабилен изглед: Потврда за одржлива економска стабилност и доверба во економските политики

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театар на хуманост: Донација за „Банка за Храна“ носи билет за „Ивона, принцезата на Бургунд“

ДЕСК

Досега се откупени околу 30.000 тони млада зелка

ДЕСК