Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓаат пролетни температури, па драстичен пресврт со времето: Детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови времето ќе биде стабилно, утре наутро ќе има појава на магла по котлините. Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.

Прогноза за 01.12.2023
Минимална температура: -2°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 16°C

Наутро со услови за појава на магла во котлините. Преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 02.12.2023
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно и релативно топло со умерен до засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта во северозападните и северните делови ќе започнат локални врнежи од дожд.

Прогноза за 03.12.2023
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на повисоките планини на северозапад со врнежи од снег. Во текот на денот ќе започне да дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК