Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИС

ДРЖАВАТА ДЕЛИ ПОМОШ: По 3.000 денари месечно за пензионерите кои земаат најниски пензии – пари секој месец ќе им стигаат и на учениците и студентите

Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.

15 илјади студенти кои студираат надвор од местото на живеење ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари месечно, следните 7 месеци.

Во наредните пет месеци, по 2.000 денари ќе добијат корисниците на надоместок заради попреченост, самохрани родители и родители на деца со попреченост до 26 години, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Пензионерите во наредните пет месеци ќе добиваат по 3.000 денари до 14.000 денари, 2.000 денари ќе добиваат пензионерите за оние од 14.000 до 16.000 денари. Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари ќе добиваат 1.500 денари помош.

Мерките ќе важат од декември 2023.

Можеби ќе ве интересира

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

ДЕСК

Ако сирењето лаже, што уште има на рафтовите: Потрошувачите бараат вистина

ДЕСК