Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Авион на „Ер Србија“ полн со новинари за самитот на ОБСЕ кој полета за Скопје е вратен во Белград – кружел 20 минути над македонското небо

Поради техничка неисправност, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.

Авионот АТР 72, кој полета во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружеше над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.

Како што биле информирани патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можела брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.

Авионот безбедно слета на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот.

Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.

Сите места во авионот беа полни бидејќи голем број домашни и странски новинари одеа на самитот на ОБСЕ во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Наша заедничка одговорност е да создадеме средина во која технологијата ќе биде алатка за учење, креативност и развој, а не извор на ризици

C +

Жерновски до Мицкоски: Зошто не го вративте името?

C +

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +