12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Патниот правец Ресен-Охрид преку Галичица затворен за сообраќај – Каква е состојбата на патиштата утринава?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: На 26.11.2023 година од 06:50 часот сообраќајот на регионалниот пат Крива Паланка – с.Нерав е во прекин за сите возила во двата правци, поради обилни врнежи на снег и одрон од камења на патот.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Од 08:00 часот магистралниот пат Крива Паланка-Деве Баир е пуштен за сообраќај во двата правци за сите видови возила. Забраната за тешки товарни возила е укината на патниот правец крак Маврово-Дебар и сообраќајот се одвива во двата правца за сите видови возила.

СОСТОЈБА НА ПАТИШТА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови по наместа влажни коловози.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Oд 24.11.2023 година од 16:00 часот режимот на сообраќајот на делницата од автопатот А-1, Куманово – ГП„Табановце“ поточно кл.Куманово-кл.Кр.Паланка, десната сообраќајна лента за присилно запирање и застанување ќе биде затворена за сообраќај во должина од 500м, додека сообраќајот ќе се одвива по сообраќајната лента за возење и претекнување.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината, оштетени се темелите на мостот на Црвена ревена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за ?а?обраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.