27.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Вашата пица не излегува како што сте замислиле? Ова се најчестите грешки што ги правите

Пицата е едноставно јадење, но има ситници на кои треба да внимаваме за да испадне совршено.

Ако подготвувате домашна пица, знаете дека самата процедура не е особено напорна. Секој може да го замеси тестото, да го намачка со кечап, да го нароси со сирење и да додаде салама и печурки, но неколку мали трикови прават разлика помеѓу просечна пица и одлична.

Ставивте премногу сирење
За вистинските љубители на сирење, овој совет можеби изгледа бесмислен, но премногу сирење може да ја уништи пицата. Ако користиме моцарела, неколку парчиња ќе бидат доволни бидејќи во спротивно сирењето ќе испушти премногу течност, а тестото ќе биде премногу влажно, меко и мрсно. Истото важи и за полутврдото сирење како гауда, кое во прекумерни количини ќе ја натопи пицата со маснотии и ќе ја направи прилично нејадлива.

Неправилно го растегнувате тестото
Ако сакате тенко тесто за пица, сигурно сте доживеале дека е премногу развлечено и целиот прелив завршил на плехот или чинијата за печење. За да го избегнете ова, користете поблаги потези за да го истегнете тестото до саканата големина. Никогаш не користете сукало за да го расукате тестото, бидејќи тогаш тоа ќе биде премногу компактно и нема да биде воздушно како што треба. Исто така, важно е тестото да се користи на собна температура бидејќи полесно ќе се растегнува и помалку ќе пука.

Додавате премногу прелив
Исто како и со сирењето, можете да претерате со салама, зеленчук и други намирници кои ги користите како прелив. Колку повеќе состојки ставите на пицата, толку повлажно ќе биде тестото и нема да го добиете крцкањето што го барате. Исто така, пица со многу преливи полесно ќе се распадне и нема да можете да ја јадете без вилушка и нож. Оставете го тестото да „дише“ и оставете некои делови од пицата да останат слободни без прелив.

Не го загревајте садот за печење
Знаеме дека најдобрата пица е онаа од фурна за леб, но речиси никој од нас нема таква рерна дома. Најдобар трик за да добиете совршено крцкава пица како од рерна за леб е да го ставите плехот во рерна и да го загреете заедно со рерната. Префрлете ја пицата во врел плех и печете, а резултатот ќе биде крцкаво тесто кое нема така лесно да се распадне.

Го печете на прениска температура
Пицата се пече во рерна за леб на температури повисоки од 300 степени. За да добиете ефект на фурна за леб, загрејте ја рерната на минимум 250 степени, а ако може вашата рерна да го направи тоа повисоко. Како што расте температурата, потребно е да се скрати времето на печење, па на таа температура пицата треба да се пече само 10 минути. Намалете ја температурата само ако подготвувате пица со деликатни состојки како морска храна или овошје. Добро е и пицата да се пече на најниско ниво од рерната бидејќи тогаш тестото ќе биде особено крцкаво, пишува MissGastro.