Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НОВ ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ, НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ СО ВРЕМЕТО – Метео центар со детална прогноза за следните 4 дена

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Утре ќе има повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.

Прогноза за 23.11.2023
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 8°C до 13°C

Променливо облачно, по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 24.11.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Претпладне по котлините ќе има појава на магла. Во вечерните часови во северните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 25.11.2023
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Облачно со врнежи од дожд, на места пообилни. Попладне врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Бојковска: Во случајот со Алта банка Битола најважно е да се заштитат депозитите на граѓаните и да се заштити финансиската стабилност

ДЕСК

Бочварски до Андоновски: Како тоа дававте лиценци за Алта банка, а сега сте администратор?

ДЕСК

Николова: Со кои пари Мацура го купи осигурителното друштво и од која сметка се платени?

ДЕСК