19.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Македонија окована од студ и силен ветер и утре – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

И утре ќе се задржи студено, а особено претпладне ќе дува засилен северен ветер. Во понеделник ќе преовладува сончево време со студено утро, а дневната температура ќе се зголеми. Потоа од вторник следува период на претежно облачно време, од крајот на денот со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда.

Прогноза за 20.11.2023
Минимална температура: -5°C до 3°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Утрото студено, преку денот сончево и потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 21.11.2023
Минимална температура: 0°C до 5°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови.

Прогноза за 22.11.2023
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 15°C

Облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој кон крајот на денот ќе засилува.