Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Патот Охрид – Ресен преку Галичица затворен за сообраќај – Каква е состојбата на патиштата низ Македонија?

АМСМ СЛУЖБА ЗА ПОМОШ И ИНФОРМАЦИИ известува:

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Од настанатите поплави на 14.06.2023 год. во Делчево и околината, оштетени се темелите на мостот на Црвена река на магистралниот пат А3 делница Македонска Каменица – Делчево. Сообраќајот на мостот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15.11.2023 година, патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Овој времен режим ќе трае се до 01.04.2024 година.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖД И СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 18 степени

ДЕСК

Почна гласањето во Брвеница – гласаат вкупно 107 болни лица

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК