Centar.mk
КУЛТУРА

🎺 Unplugged Series 003: ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ

🎺 Unplugged Series 003: ЛЕТЕЧКИ ПЕКИНЕЗЕРИ

📅 Понеделник, 20.11.2023, 19:19 часот
📌 Салон 19:19

🎸 За Летечки Пекинезери не е потребен опширен опис кога се работи за нашата локална музичка сцена. Како дел од таа сцена се мошне флексибилни и снаодливи па поради тоа често настапуваат и на сцени каде се единствените амбасадори на џезот. Нивната жанровска определба е двосмислена бидејќи воедно цврсто се држат до свингот кој се помалку наоѓа место во модерниот џез, а поради нивнито растворување на традицијата во пристаплив поп сензибилитет во исто време ја напуштаат џез територијата и се маркантни претставници на таа музика. Нивниот еклектичен звук ќе имаат прилика да го претстават во Салон 19.19 – концертен простор од големо значење за музичката историја на ова поднебје.

Содржани во концертот ќе бидат композиции од нивните два албуми “Летечки Пекинезери ” и “Изложба На Кучиња”, а исто така ќе изведуваат материјал од нивниот трет албум кој во брзо време ќе биде објавен на винил и на дигиталните платформи.

Летечки Пекинезери како формација се квинтет кој е сочинет од:
– Иво Солдатовиќ – кларинет
– Петар Христов – тенор саксофон
– Бојан Петков – гитара
– Кирил Туфекчиевски – контрабас
– Славчо Коцев – тапани

Можеби ќе ве интересира

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија

ДЕСК

Mozzart продолжува со Театарот на хуманоста: Полна сала за „Ивона, принцезата од Бургунд“

ДЕСК

Со книгата „Фудбал под сенка“ продолжуваат да живеат приказните на легендарниот Васил Рингов

ДЕСК