Centar.mk
БИЗНИС

АХВ објасни каков PRIME пијалок се продава по маркетите

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.

Во регистарот за збогатена храна на Агенцијата за храна и ветеринарство регистриран е безалкохолен пијалак PRIME HYDRATION DRINK за кое АХВ има издадено одобрение за ставање во промет. Кај нас е одобрена верзијата без кофеин т.е. производи декларирани како пијалаци за хидратација (PRIME HYDRATION DRINK) кои се збогатени со витамини и амино киселини, со различни вкусови.

За овие производи постои Мислење од Фармацевтски факултет дека истите можат да се употребуваат како збогатена храна, почитувајќи ги препораките за консумација и предупредувањата наведени на означувањето на овие производи.

Апелираме до потрошувачите доколку на пазарот најдат производ од овој бренд кој не е регистриран /одобрен од Агенцијата, тоа да го пријават во АХВ, лично, на бесплатната линија за потрошувачи 0800 3 22 22 или електронски на info@fva.gov.mk.

Можеби ќе ве интересира

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК

Дарија Боризовска и Сара Милковска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје меѓу финалистите на Европскиот квиз за пари 2026

ДЕСК

Во март 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесуваше 72 818 денари

ДЕСК