10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во јавноста со „ФАКТИ 2017-2023“?!

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, чија пракса во работењето откако го презема раководењето со министерството за внатрешни работи е сите проекти, информации, унапредувања и реформи ревносно и транспаретно да ги споделува со јавноста и граѓаните, во што и впрочем се гледа разликата, МВР од ВМРО-МВРО стана една од најтранспретните институции со најголема доверба кај граѓаните, денес на социјалните мрежи објави статус „ФАКТИ 2017-2023“.

Дали Спасовски и неговиот тим во текот на работењето со МВР креираа многу успешни проекти од полза на граѓаните, како „Опремена полиција – безбедни граѓани“, „Реновирање на над 80 објекти на полицијата“, „Отворен кабинет – МВР за граѓаните“, „Безбедно лето“ и „Безбеден град“, преку нова нова информативна кампања ќе ги информира и вклучи граѓаните во се што е постигнато досега во МВР во периодот од 2017 до 2023?

Спасовски кој е силен поборник во борбата со лажните вести, дезинформации и невистини која е исто така голем проблем како глобално така и во нашето општество, во многу негови настапи потенцира дека само брзата и навремено информирање на јавноста со вистината и фактите, се најефикасниот начин за борба против дезинформациите и манипулациите, кон кои најчесто прибегнува и е означена како креатор на лажни вести од официјалните ЕУ извештаи, опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Очекувањата од оваа кампања во најава се дека ќе биде фокусирана на прикажувањето на конкретнте досегашни достигнувања и факти кои сведочат за работата на МВР под водството на Спасовски. Интересот е особено зголемен поради претходните успеси на тимот и очекуваната транспарентност што ја носи оваа нова кампања. Со оглед на досегашниот успех и позитивниот прием од страна на јавноста ова може да биде значаен чекор напред во промоцијата на работата на МВР. Следува да се види како ќе се развиваат настаните и на кој начин оваа иницијатива ќе биде претставена пред јавноста, како и кои ќе бидат нејзините клучни аспекти за работата на МВР.