Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нова промена на времето – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

Утре во попладневните часови најпрвин во западните, а во текот на ноќта кон понеделник и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа ќе има преодно стабилизирање на времето до среда кога во попладневните часови ќе има нови врнежи од дожд.

Прогноза за 13.11.2023
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Наутро со локален дожд, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 14.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 15.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК