16.8 C
Скопје
20. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

За надминување на проблемот со прекубројниот број мечки координативна средба во ЦУК

Денеска, во ЦУК, директорот Стојанче Ангелов ја закажа и ја одржа првата поширока координативна средба за надминување на проблемот со прекубројниот број мечки. Присуствуваа претставници од повеќе државни институции и невладини организации: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за внатрешни работи, Националниот парк „Маврово“, Општина Маврово – Ростуше, Зоолошката градина, овластена од „Анима мунди“, потоа Македонското еколошко друштво и други институции.

Од Владата, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, е задолжен да ја организира координацијата на активностите на институциите во спроведување на мерките, да организира и спроведува контрола над нивната имплементација, да предлага нови мерки покрај донесените и препорачани од надлежните институции за создавање услови за намалување на појавата на кафеавата мечка во урбана средина.

„За надминување на опасностите од кафеавите мечки на територијата на државата, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во повеќе наврати ја посети Општина Маврово – Ростуше во рамките на реализирање на задолженијата од Владата на Република Северна Македонија. Притоа во овој прекрасен планински крај оствари средби со поединци и со населението што е засегнато од прекумерниот број мечки на оваа територија. Поради секојдневното влегување на мечките во селата, има зачестени напади на добитокот и на имотот, па и влегување во куќите и блиски средби со жителите на селата во општината. Практично, мештаните посочија дека, иако со генерации живеат едни покрај други со мечките, во последниот период и особено оваа година, влегувањето на мечките во населбите е многу зачестена појава, што е алармантна и предизвикува голем страв кај нив и затоа побарале помош од Владата на Република Северна Македонија.

Покрај разговорите со мештаните, Ангелов остварува средби и со мештани од региони, каде што нема кафеави мечки и разговора и прибира информации за нивното мислење за евентуално преселување одреден број кафеави мечки од регионите во кои ги има во регионите во кои ги нема, а биле присутни порано“, известуваат од ЦУК.