11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Циклон над Македонија носи невреме со силен дожд, ветер и грмежи – Метеоролозите во својата детална прогноза за следните денови објавија кога да очекуваме стабилизација

Под влијание на циклонска активност денес во вечерните и ноќните часови и утре преку денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 40 л/м2), локално поројни во форма на невреме со грмежи и засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час).

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови.

Потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.

Прогноза за 05.11.2023
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 06.11.2023
Минимална температура: 3°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 24°C

Сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 07.11.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: