Centar.mk
Облачно небо со дожд и силен ветер над Македонија
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Подгответе се за невреме, Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе биде променливо облачно со засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 60 км/час).

Попладне под влијание на циклонска активност ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови. Врнежите ќе продолжат во ноќните часови и во сабота, кога ќе бидат пообилни (на повеќе места над 30 л/м2), а наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи се очекуваат попладне во западните делови. Температурите ќе се задржат релативно високи.

Прогноза за 04.11.2023
Минимална температура: 9°C до 15°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Облачно со врнежи од дожд, на места обилни, повремено поројни (над 30 l/m2) и проследени со грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 05.11.2023
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 06.11.2023
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК