Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПУБЛИКАЦИЈА НА ИМА: „ВО(Н) ФОКУСОТ НА МЕДИУМИТЕ: ДЕМОКРАТСКИ ИНСТИТУЦИИ, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И РЕФОРМИ ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА“

Институтот за медиуми и аналитика ИМА ја промовираше публикацијата: „Во(н) фокусот на медиумите: Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација“ – извештај од мониторинг на медиумите за темите: „демократски институции“, „владеење на правото“ и „реформа на јавна администрација“.

Публикацијата е дел од активностите на проектот „Преку деполаризација до демократски, стабилни и инклузивни институции: Придонес на граѓанското општество“, што го спроведуваат Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С), Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), Балканскиот институт за регионална соработка (БИРС) и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“. Проектот е финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата ЦИВИКА Мобилитас.

Цел на проектот е критички и информиран дијалог, следење, анализа и застапување на политики, кои ќе придонесат за зајакнување на капацитетите на извршната власт за градење демократски и инклузивни институции.

Публикацијата може да се прочита и да се симне на следниов линк:

Во(н) фокусот на медиумите Демократски институции, владеење на правото и реформи во јавната администрација

Извор: Smk.mk

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК