Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Драма во Охрид: Со „рено“ удрил во работна машина и избегал, на местото на несреќата го оставил и сопатникот со тешки повреди

Вчеравечер, во 21 часот, на улицата 7 ноември во Охрид, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина „јан-мар“, извести СВР Охрид.

„Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на итната медицинска помош го пронашла сопатникот А. Д. (39) од Охрид, кој веднаш е пренесен во болницата ‘Св. Еразмо’ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување“, соопшти СВР Охрид.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило, кој избегал од самото место.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +