Centar.mk
Облачно небо со дожд и силен ветер над Македонија
пороен дожд / фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Толку од сонцето, доаѓа дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Од утре следува период на променливо облачно време. Од среда кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, утринската температура ќе биде во пораст, а дневната во благо опаѓање. Во петок ќе дува засилен ветер од јужен правец, а нов поинтензивен влажен бран со обилни врнежи се очекува во текот на ноќта и во сабота.

Прогноза за 01.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 02.11.2023
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Претпладне облачно со повремен дожд, попладне облачноста ќе се намали.

Прогноза за 03.11.2023
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиева: Со Предлог-Буџетот за 2027 година се става акцент на инфраструктурни проекти и развој на локалната самоуправа

ДЕСК

ПООБИЛЕН ДОЖД УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Во петок температури до 23 степени, за викендот следува промена

ДЕСК

ПАТАРИНИТЕ МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ СОСЕМА НОВ НАЧИН НА НАПЛАТА – Николоски најавува современ електронски систем

ДЕСК