Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Државјанин на Полска баран од Интерпол се обидел со фалсификувана лична карта да помине преку Богородица

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против полски државјанин, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска став 1 од Кривичниот законик.

На 26 октомври, осомничениот како патник во автобус со грчки регистарски ознаки се јавил за влез во земјава на граничниот премин „Богородица“. При редовна контрола од страна на овластени службени лица, тој употребил лажна јавна исправа – полска лична карта со туѓо име.

Исправата ја употребил како вистинита иако таа се разликувала од оригиналната и во техниката на печатење на образецот и нејзино персонализирање, квалитетот на хартијата, заштитните знаци, како и во сјајот и интезитетот на застапените бои.

При дополнителна контрола било утврдено дека осомничениот се бара со меѓународна потрага од страна на Интерпол Варшава, Полска за сторени кривични дела – Тешка кражба и Измама.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и на осомничениот му ја определи бараната притворска мерка.

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И СИЛЕН ВЕТЕР НАД 60 КМ/Ч – УХМР најавува дождови, магла и ново затоплување во Македонија

ДЕСК

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК