11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Со 27 степени влегуваме во ноември – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата.

Прогноза за 30.10.2023
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 27°C

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 31.10.2023
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

По одделни котлини ќе има појава на утринска магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува.

Прогноза за 01.11.2023
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 19°C до 27°C

Променливо облачно, од утринските часови со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Спонзорирано: