Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Три пожари на отворен простор во последното деноноќие, соопшти ЦУК

Во текот на деноноќието, до утрово, противпожарните тимови интервенирале вкупно на шест пожари на отворен простор и сите ги изгаснале, според извештаите од надлежните институции од Системот за управување со кризи (СУК)добиени во Секторот за операции и координација (СОК) во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје, во текот на изминатото деноноќие имале интервенција за гаснење на пожари на отворено од 19:20 до 21:05 часот. Конкретно, како што велат од таму, со три пожарникари и едно противпожарно (ПП) возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 м2 во населбата „Шуто Оризари“, во истоимената Општина Шуто Оризари и имале и уште една помала интервенција во тој предел.

Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека пожарникарите од Територијалната противпожарна (ТППЕ) Струга, од 06:56 до 10:30 часот, со шест пожарникари и три ПП возила, гаснеле запалено складирано сено на влезот во с.Мислешево.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата упадна во дом во Кочани: Пронајдени 11 лица како играат комар, а полицајците нашле и пари

ДЕСК

„Влен“: Со еден глас Албанците го запечатија крајот на ерата на Ахмети!

C +

Во вториот круг 19.287 неважечки ливчиња, само во Скопје над 10.000

C +