Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фон дер Лајен доаѓа в понеделник: Ковачевски ќе ја пречека со највисоки државни почести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе ја пречека и ќе ѝ биде домаќин на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Официјалната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Република Северна Македонија, како што информираат од Владата, ќе биде на 30 октомври 2023 година в понеделник во Владата на Република Северна Македонија.

Според соопштението, во Владата претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе биде пречекана со највисоки државни почести.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК