24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изведба на претставата Дримкечер во Кино Фросина

По распродадената премиера, претставата Дримкечер се враќа повторно со нова изведба, на 28ми Октомври во 20:00 часот. На платното во Кино Фросина уште еднаш ќе видиме една дистописка слика од Скопје од иднината, а пред него актерите Сара Климоска, Хари Михајловски, Тамара Ристоска и Стефан Петровски ќе ги играат улогите на четири улични музичари чиј живот комплетно се менува под ефектите на новата sci-fi технологија.

Во оваа иднина (дали е навистина иднина?) каде креативноста и автентичноста се истрошени, светот бара нови методи за да ја задоволи ненаситноста и вечната глад на публиката. Па така, водени од идеологијата на конзумеризмот, соништата на поединецот се сведуваат на обична трансакција каде што мораш да продадеш еден сон за да оствариш друг.

Претставата е напишна од Натали Спасова, во режија на Виктор Бужаров и Натали Спасова, а процесот на подготовка се одвива во Прага, со помош на културната организација D Theater и фондацијата Culture Moves Europe. За потребите на оваа претстава се користи зелен транспорт и се изработени музички инструменти од отпад со цел да се намали конзумеризмот од ирскиот музичар Деклан Гакиен, кој исто така е и композитор на музиката за претставата. Графичкиот дизајн за потребите на претставата е изработен од Стефан Петровски.

Билети за претставата може да се набават во билетарата на МКЦ или на следниов линк онлајн: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1314