Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Рамчески: Викав помош оти нозете не ми мрдаа, мечката ме турна и ме гризна кај ребрата

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека ловџии спасиле возрасен маж од мечка, која го нападнала, а повредениот човек го посети директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Ангелов, сподели видеозапис од неговиот разговор со повредениот човек.

„Берев шумски плодови, излегов по дренки кога ме нападна, ме турна на земјата. Викав помош оти нозете не ми мрдаа, мечката ме турна и ме гризна кај ребрата“, рече, меѓу другото, повредениот Минче Рамчески од с. Пласница, кој, како што рече, први помогнале ловците и го однеле на доктор.

Видеозапис и од разговорот со еден од ловџиите, Раим Рамчески, кој прв му помогнал на лицето нападнато од мечката.

„Во текот на вчерашниот ден помеѓу селата Пласница и Ораоец, во општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, кој бил спасен од ловџии, кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот. Кога ги слушнале повиците за помош, испукале неколку истрели во воздухот по што мечката побегнала. Нападнатиот маж беше многу преплашен. Доби телесни повреди од нападот“, соопшти ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Охрид во солзи: Во несреќа загина 28 годишниот охридски фотограф Кристијан Љушев

ДЕСК

Метеоролозите објавија повеќедневна прогноза – Какво време да очекуваме до крајот на оваа седмица?

ДЕСК

Меѓународна потерница по Саит Саитов, лицето кое прегази жена во Скопје, избега од местото на настанот и ја напушти државата

ДЕСК