Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

183 казни за непрописно престигнување

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 183 возачи.

Од нив, 62 на територијата на СВР Тетово, 31 на територија на СВР Охрид, 29 на територија на СВР Куманово. За време на контролата, санкционирани се и 271 други видови на прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +