Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседавачот Османи ќе ја отвори годишната Конференција на ОБСЕ за сајбер безбедност што се одржува во Скопје

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи ќе ја отвори годишната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност што во рамки на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ се одржува во Скопје.

Сајбер/ИКТ безбедноста и подигнување на свеста за заштита од растечките закани од сајбер напади се дел од приоритетите во програмата на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Годинешната Конференција за сајбер/ИКТ безбедност насловена „Луѓе, доверба, отпорност: градење сајбер безбедност за сите“, има за цел да ја зајакне сајбер безбедноста и да изгради кохезивен политички пристап меѓу државните актери и другите засегнати страни, како што се приватниот сектор, академската заедница и невладините организации.

Конференцијата ќе послужи и како платформа за претставниците на земјите-учеснички во ОБСЕ, заедно со партнерските организации и другите чинители активно да се вклучат во суштинска дискусија за овие релевантни теми.

Конференцијата ќе се одржи на 23 и на 24 октомври во Скопје, извести МНР.

Можеби ќе ве интересира

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК

Полицијата упадна во кафичи, кафеани и ноќни клубови во Скопје – на три места се точело алкохол на малолетници

ДЕСК

Мицкоски на пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Тетово

ДЕСК