17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
dozd
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓа дожд – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд кои ќе завршуваат во текот на ноќта. Понекаде особено во западните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и ќе има услови за појава на ретки грмежи. Во четврток и особено во петок се очекуваат врнежи од дожд претежно во западните делови од земјата.

Прогноза за 25.10.2023
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Променливо облачно и топло со умерен ветер од јужен правец кој краткотрајно ќе засилува. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 26.10.2023
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Променливо облачно со локален дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 27.10.2023
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Променливо облачно со засилен ветер од југозападен правец. Во западните делови ќе има услови за повремен дожд.

Спонзорирано: