Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓа дожд и грмежи, затоа уживајте во сонцето до среда – Метеоцентар со детална прогноза

Продолжува периодот на релативно топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд, кои ќе продолжат во текот на ноќта и во четврток, кога ќе бидат проследени со ретки грмежи. Услови за локален дожд ќе има и во петок.

Прогноза за 24.10.2023
Минимална температура: 6°C до 14°C
Максимална температура: 22°C до 28°C

Сончево со умерена облачност и топло со слабо ветер од јужен правец.

Прогноза за 25.10.2023
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 23°C до 28°C

Променливо облачно и топло со умерен, на места засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локален дожд и ретки грмежи.

Прогноза за 26.10.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Променливо облачно со локален дожд, на места пороен со појава на грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Спонзорирано: