Centar.mk
БИЗНИС

Црна Гора: Променети условите за пензионирање

Уставниот суд донесе одлука за укинување на членот 17 ставови 1 и 2 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување (ПИО).

Ова ќе доведе до тоа жените да не можат да се пензионираат на 64-годишна возраст.

Уставниот суд се произнесе за уставноста на членовите од Законот за ПИО, кои ги пропишуваат условите за пензионирање, особено членот со кој се пропишува можноста жените, доколку сакаат, да остварат такво право пред престанок на работниот однос по сила на закон. .

Во членот 17 од законот е предвидено дека „осигуреникот стекнува право на старосна пензија кога ќе наполни 66 години живот (мажи) или 64 години живот (жени) и најмалку 15 години стаж на осигурување“.

Во него се вели и дека осигуреникот стекнува право на старосна пензија во Црна Гора кога ќе наполни 40 години стаж на осигурување и 61 година.

Можеби ќе ве интересира

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: Стандардот на граѓаните е приоритет, Владата будно ги следи цените, институциите се во постојана координација

ДЕСК