24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение за 63-годишниот маж што се самозадоволувал пред дете и пред други лица во воз

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг во согласност со член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејство го извршил пред дете што наполнило 14 години.

Патувајќи со воз на 24 јули, 63-годишниот обвинет во еден од вагоните се доближил и почнал да допира малолетно девојче родено 2006 година, кое патувало со возот. Тоа вознемирено се преместило на друго седиште по што обвинетиот продолжил кон друг вагон. Таму седнал спроти други две жртви и почнал да се самозадоволува на јавно место. Оштетените исплашени си ги зеле своите работи, го напуштиле вагонот и го пријавиле. Во возот влегле овластени службени лица, кои го привеле обвинетиот и го однеле во полициска станица.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.