Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски пред посетата на Фон дер Лајен: Досега ниту некому му се случила тортура, ниту бил извршен притисок

Никогаш не зборувам во туѓо име, тоа веќе сте го забележале, истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашањето кога ќе се случи најавената посета на претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

„Кога вчера ме прашавте дали ќе доаѓа претседателката, јас кажав дека има најава до крајот на месецот. Дури не кажав ниту датум бидејќи тој што доаѓа секогаш треба да ја потврди посетата бидејќи така функционираат дипломатските посети меѓу државите“, рече Ковачевски.

Дополни дека штом ќе биде финализирана посетата, тогаш таа ќе биде и најавена од страна на европската делегација.

„Ние премногу користиме термини на офанзиви и на притисоци. Се користеа, не знам некој од претседателите на опозицијата, рече дека очекувал тортура некој да му прави. Гледате дека никому не му се случи тортура, ниту му се правеше притисок, Северна Македонија нормално функционира, нормално се одвиваат демократските процеси и мислам дека така и ќе продолжи со тоа што ние треба да ги исполниме нашите обврски, кои се однесуваат на преговарачката рамка и да продолжиме со европските интеграции и до 2030 година да станеме земја членка на ЕУ“, потенцира Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +

Утре променливо облачно и релативно топло

C +

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК