Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка кај Доброшане, има повредени

На 16.10.2023 околу 15.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, кај с.Добрoшане, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.М.(31) од с.Доброшане и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.А.(50) од Скопје.

Во несреќата со повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК