7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец во Тетово

Вчера, околу 20.30 часот, на улицата 133 во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово, извести МВР.

„Тој бил затекнат при обид да одземе патничко моторно возило ‘фолксваген пасат’, со скопски регистарски ознаки, при што оштетил и друго возило со тетовски ознаки, паркирано во близина. Подоцна кај малолетникот било пронајдено патничкото возило ‘опел астра’, со тетовски ознаки, кое вчера беше пријавено за одземено на улицата Борис Кидрич во Тетово“, соопшти МВР.

Пронајденото возило му е вратено на сопственикот М. И. (63) од Тетово, а малолетникот е задржан во Полициската станица Тетово. Инаку, претходно, во 13.35 часот малолетникот бил пријавен од 44-годишната мајка дека се оддалечил од дома.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Валандово: Во време на најтешки кризи, СДСМ покажа дека може, платите растеа 7 години по ред

ДЕСК

Синоптичарите објавија нови прогнози: Какво ќе биде времето утре?

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.