Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација, порача Османи

Ние сме должни секој наш државјанин да го згрижиме, истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во врска со ситуацијата во Израел.

„Во тој контекст можеби денеска ќе пуштиме соопштение да ги повикаме нашите граѓани во Либан да ја напуштат државата поради непредвидливата ситуација таму“, рече Османи.

Според него, граѓаните таму особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, а немаме ниту амбасада.

„Особено треба да бидат внимателни поради фактот што со Либан немаме ниту дипломатски односи, немаме ниту амбасада и ќе биде многу тешко потоа да ги згрижиме нашите граѓани во услови состојбата да се влоши. Сакаме однапред да испратиме покана до сите наши граѓани што се во Либан или, пак, планираат да патуваат во Либан, тоа да го одложат“, односно, како што рече, тие што се таму да ја напуштат државата.

Во врска со извлекувањето на брачниот пар од Газа, Османи појасни дека станува збор за брачен пар, тоа се локални жители на Газа, но имаат и државјанство на Северна Македонија и дека државата е должна секој свој државјанин да го згрижи.

„Во рамките на овие напори да се овозможи граничен премин од Газа во Египет. Во комуникација сме и со луѓето и со МНР на Египет“, истакна Османи.

Можеби ќе ве интересира

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

C +

Мицкоски: Владата проактивно работи на реновирање на туристички сместувачки капацитети, очекувам 2026 година да имаме раст на бројот на туристи

C +