Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени дрвокрадци во велешко, затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

Како што соопшти полицијата вчера попладне во 16.00 часот во атар на селото Сопот, велешко, полициски службеници од СВР Велес и од Шумска полиција ги лишиле од слобода седумина сите од селото Бузалково, велешко.

МВР вели дека лицата биле затекнати при нелегална сеча на огревно дрво и кај нив биле пронајдени три моторни пили и товарно возило натоварено со четири кубни метри исечено огревно дрво, а во близина на местото биле пронајдени уште 10 кубни метри исечено огревно дрво.

Според полицијата Возилото и пилите биле одземени за понатамошна постапка, а дрвата ќе бидат преземени од Шумска полиција и Шумско стопанство. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Де факто и де јуре – имаме чувство дека стравот му влезе длабоко во коските на Мицкоски!

ДЕСК

СЛЕДУВААТ ТРИ ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ ВО МАЈ, ПОЗНАТО Е КОГА ЌЕ ОДМАРАМЕ: Објавена е најновата листа на празници

ДЕСК

ДОЖДЛИВО ВРЕМЕ, НО И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 25 СТЕПЕНИ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК