23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Јадењето на популарното овошје еднаш дневно може значително да го подобри видот

Јадењето грозје е добро за очите, покажуваат истражувањата. Според научниците од Националниот универзитет во Сингапур, само неколку шаки грозје дневно во период од четири месеци ги подобруваат клучните индикатори за здрави очи.

Тајната лежи во тоа што влошувањето на видот е последица на оксидативниот стрес, односно оштетување на клетките бидејќи телото нема доволно антиоксиданси, а грозјето го има во изобилство.

Тимот проучувал 34 возрасни кои јаделе една или една и пол шолја грозје дневно. Забележано е значително зголемување на индикаторите за добро здравје на очите, оптичка густина на пигментот на макулата, плазма антиоксиданти и содржина на фенол во споредба со испитаниците кои примале плацебо терапија. Оние кои не јаделе грозје забележале значително зголемување на гликацијата, што е типичен, но штетен процес на стареење.

Коавторот на студијата Др. Јунг Еун Ким рече:

– Грозјето е лесно достапно овошје за кое студиите покажаа дека може да има корисни ефекти во нормални количини од само една и пол шолја дневно. Редовното консумирање на грозје може да го подобри здравјето на очите кај постарите лица.