Centar.mk
ЗДРАВЈЕ

Еве што велат лекарите: Во која положба да спиеме кога сме настинати

На сите пациенти им се советува да спијат со главата, вратот и рамената малку подигнати за да се дозволи слузта да се исцеди и со тоа да се намали назалната конгестија.

Доколку ве мачи затнат нос, лекарите советуваат и вдишување топла вода, но во исто време тоа не значи дека треба да се туширате со топла вода, бидејќи тоа само ја зголемува телесната температура, која воопшто не е потребна.

Не е чудно што одредени пози се посоодветни кога има здравствен проблем, па затоа треба да избегнувате да лежите рамно без перница, бидејќи тоа не го олеснува дишењето во случај на назална конгестија.

Инаку, добриот сон е еден од клучните фактори за градење на имунитетот, а многу често се случува да го занемариме.

Можеби ќе ве интересира

ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ ОД СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА – Три од пет жени не направиле скрининг за рак на грлото на матката

ДЕСК

ТРИ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ТЕРАПИИ ДОБИЈА ПОСЕБЕН СТАТУС – Британија ќе го поддржи нивниот развој за рак и невролошки болести

ДЕСК

СЕ ПРИБЛИЖУВА СЕЗОНАТА НА ГРИП – Европските здравствени институции објавија податоци и препораки

ДЕСК