Centar.mk
БИЗНИС

СИЛЕН РАСТ: Цената на нафтата се искачи над 89 долари

Цените на нафтата скокнаа над 89 долари на меѓународните пазари во петокот, откако САД ги воведоа првите казни за сервисирање на руски пратки што ја надминуваат ценовната граница, поттикнувајќи ја загриженоста за снабдување.

На лондонскиот пазар цената на барелот по пладне беше повисока за 3,30 долари од вчерашното затворање на трговијата и изнесуваше 89,30 долари. Речиси за истото поскапе и цената на барелот на американскиот пазар каде се тргуваше по 86,23 долари.

Пазарите беа потресени на крајот на неделата од американските санкции за сопствениците на танкери кои носат руски барели со цени над 60 долари. Ограничувањето на цените беше воспоставено на ниво на групата Г7 со цел да се намалат приходите на Русија од продажбата на нафта и индиректно, капацитетот за финансирање на војната во Украина.

Русија е втор по големина производител на нафта во светот и главен извозник, а построгите контроли на САД врз нејзините испораки би можеле да го намалат снабдувањето, стравуваат пазарите.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 19 НОЕМВРИ – Колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК

МАКЕДОНИЈА ПОДГОТВУВА ГОЛЕМ ДРЖАВЕН ПОДАТОЧЕН ЦЕНТАР – Владата најавува инфраструктура за дигитален развој и AI

ДЕСК

НОВИ ПРАШАЊА ЗА ПЕНЗИСКИТЕ ТРАНСФЕРИ – Што се случува со придонесите?

ДЕСК