16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Драстичен пад на температурите, доаѓа студена воздушна маса – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, особено во северните делови од земјата. На почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер.

Прогноза за 15.10.2023
Минимална температура: 2°C до 12°C
Максимална температура: 24°C до 29°C

Утрото свежо, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во текот на ноќта ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови.

Прогноза за 16.10.2023
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно и свежо со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер најизразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 17.10.2023
Минимална температура: 7°C до 15°C
Максимална температура: 17°C до 22°C

Претежно облачно и свежо со локални врнежи од дожд особено во северозападните делови од земјата. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен јужен ветер.

Спонзорирано: