Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ММФ ги подобри проекциите, во тешки услови 2,5 отсто раст на македонската економија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги подобри проекциите за македонската економија и предвидува економски раст од 2,5 проценти за 2023 година, а проекциите за наредната година се дека стапката на раст ќе се искачи на 3,2 проценти, велат од СДСМ.

Ова, како што додаваат, е уште една потврда за економските политики на владата предводена од СДСМ, со кои македонската економија во тешки услови на глобална економска и енергетска криза и нарушени сиџири на снабдување, остварува раст.

СДСМ, потенцираат од оваа партија, останува посветена на остварување на што е можно поголем економски раст до крајот на оваа година, и негово зголемување во наредната година.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +