Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: СДСМ ќе победи на претседателските избори и ќе ја формира иднината европска Влада

СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на традиционалниот пикник по повод 11 Октомври во Куманово.

-Ќе успееме заедно. Затоа што се работи за најважното, иднината на нашата убава татковина. Северна Македонија ќе биде европска држава. Блокадите ќе бидат поразени. Затоа што никој не сака неизвесност, изолација и економска стагнација.

Граѓаните сакаат економски напредок, повисоки плати, подобар живот во европска држава. Затоа ќе победиме! СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат на претседателските избори наредната 2024 година и СДСМ ќе ја формира иднината европска Влада. А потоа и градоначалник од редовите на СДСМ ќе биде домаќин на одбележувањето на 11 Октомври овде во Куманово, порача денеска Ковачевски денеска од Куманово.

Можеби ќе ве интересира

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК

Приведен 30-годишен гевгеличанец: При претреси пронајдени марихуана и куршум

ДЕСК