Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје за 10 проценти ги зголеми платите на над 6.000 вработени

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, потпиша колективен договор со репрезентативниот синдикат на Град Скопје со кој платите се зголемуваат 10 проценти. Арсовска истакна дека е неопходно вработените во јавниот сектор да бидат ефикасни, брзо и навремено да ги извршуваат работите и да испорачуваат услуги за граѓаните, а со покачувањето се стимулира подобрување на квалитетот на работа.

„Пред неполни две години градоначалничката Арсовска уште при преземањето на функцијата градоначалник на град Скопје ја поддржа иницијативата на синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов колективен договор, со кој се проширија правата на вработените во градската администрација, се зголемија бодовите и се регулираа правата на пожарникарите.

Дополнително, минатата година Град Скопје беше првата единица на локалната самоуправа која им ги зголеми линеарно платите за 2.800 денари на сите вработени, а со потпишувањето на овој колективен договор се овозможува зголемување за над 6.000 вработени, соопштија од Градот.

Можеби ќе ве интересира

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +