Centar.mk
ЛОКАЛНО

Птица остави делови од Битола без струја

Денеска, во раните утрински часови дојде до испад во ТС „Битола 2“ инициран од птица што прелетала во делот на 110 kV собирница, при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница, соопшти МЕПСО.

Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ (вработените во одделот ТС, одделот ТКОИ, одделот Релејна заштита и одделот ДВ), како што велат од МЕСПО, сè беше вратено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено.

„Штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни поради фактот што АД МЕПСО – Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа“, велат од МЕПСО.

Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки.

Можеби ќе ве интересира

Скопје добива нова, модерна противпожарна станица во општина Аеродром

ДЕСК

Се доградуваат 8 училници во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром, од следната година ќе се воведе едносменска настава

ДЕСК

Нова пожарна станица, реконструкција на кино „Милениум“ и планетариумот дел од ребалансот на Град Скопје

C +