Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против жител на Брест за сторено кривично дело избегнување плаќање акциза

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е. А. (30) од с. Брест, општина Чучер Сандево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело избегнување плаќање акциза по член 279 б од Кривичниот законик.

Тој, на 8.8.2023, набавил 310 килограми тутун спакуван во повеќе пакувања без контролни маркици по што го пуштил во промет на територијата на државата.

На тој начин тој избегнал да плати акциза предвидена во член 85 став 3 и член 124 став 2 од Законот за акцизите во вкупен износ од 713.000 денари и за тој износ го оштетил буџетот на Република Северна Македонија и стекнал противправна имотна корист.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го посети Универзитетот во Тетово: Политиката треба да биде во служба на образованието и младите

ДЕСК

Мицкоски: Според ММФ, за период од само две години сме оствариле додадената вредност поголема од таа на СДСМ и ДУИ за 6 години, а долгот е за речиси 2 ипол пати помал

ДЕСК

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од Реформска агенда и да обезбедиме поевтина цена за електричната енергија за граѓаните

ДЕСК