11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Без вода делови на Гази Баба, Центар, Карпош и Бутел

Поради планирани зафати во водоводната мрежа утре без вода ќе останат неколку населени места.

-поради водоводен приклучок на ул. Лазар Поптрајков бр.20 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Лазар Поптрајков и дел од корисниците од ул. Ташко Караџа од 09:00 часот. ( општина Гази Баба )

– поради промена на вентил (затварач) 6/4 на ул. Мирослав Крлежа бр,39 ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Ленинова на потегот од Никола Тримпаре до бул.Партизански Одреди од 08:00 часот.(општина Центар)

-поради промена на шибер (затварач) од ф100 мм на ул.Теодосие Гологанов бб (Студентски дом Гоце Делчев) ,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Теодосие Гологанов на потегот од Алумина до Студентски дом Гоце Делчев од 08:00 часот до завршување на теренските активности.(општина Карпош)

-поради дефект во шахта на ул.Жданец бр.22 н.Козле ,Прекинато водоснабдување ке имаат жителите од населеното место Трнодол, Жданец и Средно Нерези од 08:30 до 09:30 часот.(општина Карпош)

– поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на бул. Босна и Херцеговина – кај социјалните згради во населба Бутел, во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од четирите социјални згради лоцирани на бул. Босна и Херцеговина. ( општина Бутел )