Centar.mk
https://www.youtube.com/watch?v=fbDACrGDapA
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава против две лица од Скопје за “убиство” и “тешки дела против општата сигурност”, одреден притвор

Денеска (30.09.2023) од страна на СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка, против А.Д.(39) од Скопје, поради сомнение за сторени две кривични дела и тоа “Убиство” по чл.123 и “Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл.288 од Кривичниот законик и против И.Ц.(58) од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” по чл.292 в.в чл 288, а во в.в чл.22 од Кривичниот законик.

Имено, на 22.09.2023 во временскиот период од 06.40 часот до 09.30 часот, по пријавен пожар во стан на ул.”Исаија Мажовски” во Скопје, И.Ј.(35) од Скопје беше пронајден починат, со насилна смрт, како последица на убоди од остар предмет, а од страна на полициски службеници беше констатирано дека пожарот бил намерно предизвикан, со цел прикривање на трагите од извршеното кривично дело.
Полициски службеници од Одделението за крвни и сексуални деликти преземаа бројни оперативни мерки и истражни дејствија со цел утврдување на идентитетот на сторителите на наведените кривични дела и вчера (29.09.2023) бил извршен претрес во дом во кој престојувал А.Д., кој не бил пронајден во домот и за него е распишан Централен распис за потрага, а лишена од слобода е И.Ц..
Денеска од страна на Судија на претходна постапка на второпријавената И.Ц. ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК