Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Следува драстична промена на времето, доаѓа невреме – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во следните денови ќе се задржи и понатаму топло. Во петок во попладневните часови ќе има локална појава на краткотрајна нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. За време на викендот ќе преовладува сончево со повремена умерена облачност и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи претежно на југоистокот.

Прогноза за 15.09.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 27°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=6

Прогноза за 16.09.2023
Минимална температура: 9°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 32°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне претежно на југоистокот ќе има услови за локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. UV=6

Прогноза за 17.09.2023
Минимална температура: 10°C до 17°C
Максимална температура: 26°C до 31°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Од пладневните часови претежно во источните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. UV=6

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +