Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

18-годишник фатен на дело, бил затекнат додека крадел од „бмв“

Денеска, околу 5.30 часот, во Скопје, во трговски центар на подрачје на Карпош, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода 18-годишниот М. С. од Скопје, извести МВР.

„Тој бил затекнат при извршување кривично дело тешка кражба во патничко возило ‘бмв’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А. Ј. од Скопје“, соопшти МВР.

Одземеното било пронајдено, како и предмети со кои го извршил делото. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со m.Uslugi до помалку шалтери, помалку документи и побрзи услуги за граѓаните

ДЕСК

Приведени четири лица осомничени за разбојништвата со последица смрт во Хром и Ѓорче Петров

ДЕСК

Приведен 62-годишник од струмичко по пријава дека ја нападнал сопругата

ДЕСК